Вести Свет

Олга Смирнова го напушти балетот на Бољшој: „Никогаш не мислев дека ќе се срамам од Русија“

Олга Смирнова, ѕвездата на рускиот балет, ја напушти познатата и угледна балетска куќа во Московскиот балет Бољшој поради руската инвазија на Украина, јавува Си-Ен-Ен. Таа поднесе оставка поради руска агресија и наместо во Москва ќе танцува за Холандскиот национален балет во Амстердам.

Смирнова, чиј дедо е Украинец, напиша на Телеграм дека е „против војната во сите делови од нејзината душа“.

„Никогаш не мислев дека ќе се срамам од Русија. Отсекогаш сум била горда на талентираните Руси, на нашите културни и спортски достигнувања. Но, сега чувствувам дека е повлечена линијата што се дели пред и потоа“, напиша таа во соопштението објавено од Холандскиот национален балет.

 

„Ме боли што луѓето умираат, губат покриви или се принудени да ги напуштат своите домови. А кој би помислил пред неколку недели дека сето ова ќе се случи? Можеби не сме во епицентарот на воен конфликт, но не можеме да останеме рамнодушен кон оваа глобална катастрофа“, додава Смирнова, која се приклучи на престижниот балет на Бољшој во 2011 година.

Нејзиното соопштение доаѓа повеќе од една недела откако уште двајца членови на Балетот Бољшој, бразилскиот солист Дејвид Мота Соареш и италијанскиот танчер Јакопо Тиси, поднесоа оставки. Тиси рече дека поради руските постапки повеќе не е во можност да ја продолжи кариерата во Москва и додаде дека ниту една војна не може да се оправда.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Директорката на гостиварскиот водовод за Телма: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода – меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода

Дејан Дејан

Жикол – Жалиме за загинатиот работник, обезбедуваме заштитна опрема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе