Вести Ковид19 Македонија

Во штипската болница дневно има и повеќе од 100 прегледи – 15 здравствени работници се позитивни на коронавирусот

Штипското Инфективно одделение веќе десеттина дена е под притисок од пациенти, на кои им треба болничко лекување. Во денешниот здравствен билтен стои дека денеска починале четири лица од кои тројца од компликации од коронавирусот. Пациентите се на возраст 60 до 80 години  од Штип, Радовиш, Делчево и Пробиштип. Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека притисокот е голем и во дневната амбуланта, каде имаат и над 100 прегледи. Бараат и да се активира и кочанската болница за згрижување на ковид пациентите.

Направена е нова реорганизација на Инфективното одделение за да се одговори на притисокот од пациенти од целиот источен регион. Засега не се размислува да се отвори и модуларната болница, од причина што над 15 лекари, медидицински сестри, техничари и болничари се заразени и се на домашно лекување

Засега имаат реагенси за комплетно лабараториско испитување на пациентите, на штипското Инфективно хоспитализирани се 52 пациенти, од кои 10 се вакцинирани, а останатите над 40 пациенти не се имунизирани. Околу 70 % од пациентите кои се од повозрасната популација  се на кислородна поддршка.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе