Сашо Мијалков од корона боледување се врати во судница, но во одговор на новианрите вели нема рецепт за милионите кои ги приложи како гаранција
По 10 дена изолација и без сериозни симмптоми на ковид обвинетиот Сашо Мијалков одново седна во обвинителна клупа за предметот „Плацеви на Водно“ .
На доаѓање во судот прашан од новинарите како ги заработил милионите евра кои ги приложи во гаранцијата дека нема да бега ако се брани до слобода, ексдиректорот на тајната полиција кусо одгвори дека нема рецепт.
Прашање од новинар:
- Г-не Мијалков граѓаните се прашуваат кој е рецептот кој е рецептот за милиони ?
Одгвор од Сашо Мијалков, обвинет во „Плацеви на водно“
- Ха, немам таков рецепт.
Одбраната на денешното рочиште со сведочење на вешто лице градежен инженер се обидуваше да докаже дека спорните плацеви на Водно се уредно купени во склад со урбанистичктие планови.
Сведочеше и поранешниот генерален секретар на ВМРО- ДПМНЕ Кирил Божиновски во полза на неговиот тогашен шеф Никола Груевски кој во судницата потврди дека во канцаларијата имало два сефа, но во нив не се чувале пари, а под заклетва рече дека не добил пари во готовина од Груевски, ниту, пак, бил известен дека Груевски примал партиски донации во готовина.
Наредното рочиште од вина обвинетите ќе се бранат преку сведочената на Дејан Митревски – Урко и Коце Трајановски.