Владата вечерва ги формираше работоте групи за продлабочување на билатералната соработка со Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја.
Работна група за економија, ќе ја предводи Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања. Министерот за транспорт ќе ја предвоси работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување. Со заедничката меѓувладина работна група за европска интеграција и зелени политики за копретседавач е назначен Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања. Со работната група за култура ќе претседава Артан Груби, прв вицепремиер.
