Фармацевт во Париз ја измамил државата од 18 милиони евра со лажни сметки за тест за Ковид-19.
Според вестите во францускиот печат, фармацевтот пријавил лажни нарачки на илјадници ПЦР и повеќе од 3 милиони комплети за тестирање на антиген тестови за Ковид-19 кои им биле дадени бесплатно на здравствените работници.
Фармацевтот кој преку многубројни аптеки во Париз изготви уплатници користејќи го идентитетот на многу лекари, побара наплата на 18 милиони евра од Фондот за основно здравствено осигурување.
Во истрагата започната кога службениците на Фондот констатирале недоследност во нарачките, судската полиција утврдила дека тие се фиктивни.
Полицијата на 17 декември го уапсила фармацевтот со 800.000 евра во кеш, а истрагата се уште е во рана фаза. Од друга страна, се дознава дека за слична измама од 4 милиони евра е под истрага уште еден фармацевт во Париз.