Вести Ковид19 Свет

Холандија започна со олеснување на ковид мерките

Холандската влада од 15 јануари постепено ќе ги укинува мерките за делумно затворање што ги воведе со цел да се спречат зголемените случаи на појава на Ковид-19 и ширењето на варијантата Омикрон.

Холандскиот премиер Марк Руте и министерот за здравство Ернст Куиперс на заедничка прес-конференција објавија дека од 15 јануари ќе бидат укинати некои од мерките што се спроведуваат од 17 декември 2021 година.

Руте, привлекувајќи внимание на намалувањето на хоспитализациите и покрај зголемувањето на бројот на дневни случаи во земјата, рече: „Ако отвориме сè одеднаш, бројките ќе се зголемат, прво мора да го набљудуваме развојот на настаните“ – истакна холандскиот премиер.

Бизнисите кои можат да испорачуваат нарачки само до врата во периодот на делумно затворање, ќе можат да опслужат гости до 17.00 часот.

Исто така, со новите олеснувања ќе бидат отворени берберниците и фризерските салони.

Кафулињата, рестораните, музеите, секторите за култура и забава ќе останат затворени до 25 јануари.

Се отвораат И спортските сали и во нив ќе може да се организираат масовни спортски настани.

Средните училишта, колеџите и универзитетите ќе можат да го продолжат образованието со физичко присуство во групи што не надминуваат 75 луѓе.

За средношколците и студентите стана задолжително носење маски низ училиштето, вклучително и за време на часовите.

Луѓето кои примиле трета доза вакцина или биле болни од Ковид-19 во изминатите 8 недели нема дабидат ставени во карантин доколку не покажат симптоми, дури и ако биле во контакт со позитивно лице.

Од 21 јануари, некои правила за карантин за наставниците и здравствените работници ќе бидат олеснети, а точните правила ќе бидат објавени дополнително.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе