Вести Македонија

Пожарот на напуштена барака од поранешна „Хидро монтажа“ е подметнат со канта со запалена нафта

Изгорени греди , урната конструкција. Ваква е сликата на повеќе од две децении напуштената барака на поранешна „Хидро монтажа-Водовод“, која синоќа изгоре во пожар. На фотографиите кои Телма ги доби од сопствени извори се гледа запалена канта со нафта, за која постојат сомнежи дека била причинител на пожарот. Дека постојат индиции за подметнат пожар, потврдуваат од Противпожарната бригада на Град Скопје. Таа со 6 возила и 19 пожарникари бргу го локализирала и изгаснала пожарот , спречувајќи тој да се прошири на друга барака од поранешниот Суд за прекршоци, која не беше изгорена во ланскиот пожар.

На лице место се уверивме дека можела да биде зафатенa со пожарот и онаа барака која не беше опожарена на 26 октомври, минатата година.Според увидот од терен има сомнежи дека пожарот и овој пат е подметнат, соопштија од Противпожарна бригада на Град Скопје

Сосед од улицата „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини, вели дека напуштените бараки во Градскиот парк навечер се мета на млади луѓе кои се собираат по различни поводи.

Најверојатно тоа е работа на Ромиве кои и тука и од бараката на ЕВН испокрадоа сè живо. Дури и полицијата ги фати како ги крадат клима уредите.Најверојатно за топење старо железо. Над 20 клими украдоа, вели еден сосед од улицата Јордан Хаџи Константинов- Џинот

Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, тој синоќа бил на лице место. Бил извршен увид од МВР и се чека на резултатите од истрагата, за причините за пожарот. А, во врска со сомнежите во јавноста дека се пали за да се исчисти теренот за градење станбен објект, градоначалникот со демант.

Земјиштето под опожарената и под две бараки наоколу е сопственост на државата. Според новиот ДУП кој беше испратен во Град Скопје, па вратен на доработка во Општина Центар, на тоа место се планирани градинка и училиште, а од другата страна на хотелот Канет, е вцртан културен центар, изјави Горан Герасимовски – градоначалник на Општина Центар

Од МВР  кои треба да ги откријат причините за пожарот , денеска не дадоа поконкретни информации, освен потврда дека нивна увидна екипа излегла на терен.

За помалку од три месеци ова е втор пожар на барака во Градскиот парк. Првиот беше кон крајот на октоври лани. Тогаш беше запалена една од бараките на некогашниот Суд за прекршоци. И за тој пожар дел од јавноста и опозицијата коментираа дека целта била изградба на станбена зграда, но надлежните демантираа.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе