Вести Македонија Топ вести

Заев ја депонираше оставката, презема одговорност за локалните избори

Ја затвори вратата на  Владата и со писмо испратено по курир го информира собранискиот спикер Талат Џафери дека оставката ја дава преземајќи одговорност  за изборните резултати.

Заев вели дека со ова сака да остави пример за идните генерации а времето ќе покаже дали оваа одлука била во согласност со неговата определба да биде политичар кој  презел одговорност во носењето на тешки но историски важни одлуки.

“Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и национална политичка тежина. Во вакви услови, за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, заради демократските и европските вредностите во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично  да продолжам да ја водам Владата на евроатлантскиот пат. Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, со успех и за граѓаните и за државата” – напиша Заев во оставката.

Оставката ќе се констатира утре во Собранието. Опозицијата реагираше што таа се поднесува непосредно пред седницата за пратенички прашања со што на пратениците ќе им биде оневозможено правото на дискусии.

Со оставката на Заев во оставка е целата Влада.

Според Уставот и Собранискиот Деловник, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот, на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, во конкретниот случај најверојатно тоа ќе биде лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Мандатарот е должен во рок од 20 дена да му поднесе на Собранието програма и да го предложи составот на Владата.Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата.

Очекувањата се дека Собранието ќе расправа за новиот владин кабинет во средината на јануари.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе