Вести Македонија Топ вести

Заев, Вучиќ и Рама потпишаа три договори- Вархеи ја поздрави регионалната соработка

Вака македонскиот премиер, Зоран Заев, денеска ја објаснуваше полезноста и лобираше за окрупнување иницијативата „Отворен Балкан“, која во моментот брои три членки – Македонија, Албанија и Србија. А токму трите земји денеска на средба во Тирана потпишаа неколку договори меѓу кои договор со кој ќе им се овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во земјите потписнички на договорот, потоа пристап до електронските услуги на националните портали на трите земји за остварување на можноста за пристап до пазарот на трудот, како и договор кој ќе ја олесни  трговијата со живи животни, храна и добиточна храна, како и растенија, растителни производи и други објекти и предмети меѓу трите земји.

Токму невклучувањето на другите земји од регионот во процесот беше повоторно тема на која тројцата лидери потрошија голем дел од прес-конференцијата.

За Рама „Отворен Балкан“ е мировен процес, а не како што некои типично балкански го оцрнуваат дека е создавање на голема Србија или Голема Албанија.

Како поддршка дека се на вистински пат Рама ја посочи порака која денеска еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, им ја пренел на виео-состанок на тројцвата лидери, велејќи им дека Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе.

  • Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан, порачал Вархеи.

Заев пак со убедување дека иницијатива ќе ги надмине балканските граници.

Селдната средба на Отворен Балкан е договорена да се одржи на крајот од февруари во Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Дејан Дејан

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе