За четири и пол месеци, регистрирани се речиси 65 илјади ковид позитивни, а од нив 32% биле целосно вакцинирани. Министертството за здравство во анализата од 6 август до 16-ти декември констатира дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во назначениот период починале 2.272 лица, од кои само 21% примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.