Вести Македонија Топ вести

Лицата со попреченост се незадоволни од условите во автобусите

Јавниот превоз во Град Скопје има повеќе пропусти кои им оневозможуваат престој на лицата со попреченост во градските автобуси, реагираат од Коалицијата „ Менуваме“. Од таму спровеле евалиација на терен заедно со нивните членови, семејства на лица со попреченост и нивни асистенти и ги дедектирале следниве пропусти:

Вчера од Коалицијата се пожалија во врска со забраната од возачот на автобусот бр. 7, за лицето во инвалидска количка Александар Велевски и неговото куче придружник да влезат и да се возат на посакуваната релација. Рекоа дека им е одземено правото за движење со куче придружник, стекнато со одлука на ЈСП и Град Скопје. Но, од ЈСП стигна демант дека е донесена одлука со која се дискриминираат лицата со попреченост. А,  од владеачката СДСМ се  на став дека случајот е скандалозен и дискриминирачки.

Од Коалицијата Менуваме бараат средба со градоначалничката Арсовска за да ги видат новите решенија за модерен градски превоз и се ставаат на располагање за надминување на недостатоците за превоз на лицата со попреченост во градските автобуси.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе