Вести Ковид19 Свет

Европските земји го ограничуваат движењето поради новиот сој омикрон

Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас.

Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и нејзиното единство. Освен здравствената состојба, лидерите вчера разговараа за Украина, Русија, Белорусија, миграција и економија.

Што се однесува до здравствените мерки и рестрикции, Италија, но и Грција или Португалија бараат дополнителни негативни ПЦР тестови за влез на нивната територија вклучително и за вакцинирани лица.

Европската комисија и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и бројни други земји членки бараат посилна координација на ниво на ЕУ за да не се попречи слободното движење во Унијата и пред сѐ заедничкиот пазар, и да остане релевантен ковид пасот, што Европската комисија го смета за свој голем успех.

Но, шефовите на држави и влади не успеаја да постигнат компромис на оваа тема, и во наредниот период Европската комисија би требало да настапи со нова иницијатива со која ќе се заштити пазарот на ЕУ.

Вообичаените проевропски држави како Белгија и Луксембург вчера побарале од Италија, Грција и другите земји кои воведоа нови рестрикции за влез на нивна територија да ги ревидираат своите одлуки, но неуспешно. Италија и со 80 отсто вакцинирано население брои над 130 илјади жртви од Ковид-19 од почетокот на пандемијата и новиот сој внесе голем страв посебно во земјите кои живеат од туризам.

Комисијата во следните недели ќе треба да предложи пролонгирање на европскиот дигитален ковид пас кој за сега останува валиден до 30 јуни 2022, но нејасно е колку време ќе важат двете дози и кој ќе биде законскиот рок во ковид пасошот за третата доза.

Лидерите сепак постигнаа компромис на друга тема: опцијата за нови санкции против Русија.

Присуството на руската војска на украинската граница не се намалува според лидерите на ЕУ и генералниот секретар на НАТО кој беше поканет вчера на самитот.

Заклучоците усвоени вчера од страна на лидерите и се заканија на Русија дека доколку има нова воена агресија врз Украина “последиците ќе бидат тешки“.

Според информациите кои им се лиферуваа на новинарите синоќа се споменуваат мерки поврзани за руско-германскиот гасовод Северен Тек 2 како и финансиски санкции.

За сега ЕУ повикува на дипломатско решение и обновување на преговорите помеѓу Франција, Германија, Русија и Украина (познати како Формат Нормандија) и целосно применување на договорот од Минск.

Унијата уште еднаш ги осуди обидите за “инструментализација на мигрантите“ на нејзините надворешни граници алудирајќи на Белорусија и повика на брза и засилена акција во делот на враќањата на азилантите и мигрантите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе