Локални избори 2021 Македонија

Заев: Добивме „жолт картон“ од граѓаните, од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот

Првата порака до моите партиски другари, е дека добивме „жолт картон“ од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен, за секој од нас и за сите нас. Почитувани граѓани, со чист образ сакам да побарам од вас да дадете шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат кон минатото.

Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, истакна на денешната прес-конференција премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Тој упати благодарност до партнерите од владината колација кои, како што наведе, денеска во текот на целиот ден јасно порачаа дека остануваме заедно на демократскиот и европскиот пат и ги потврдија своите заложби држават да продолжи да се движи напред.

–Во овие моменти навистина значи јасно и јавно искажаната определба да бидеме обединети во исполнувањето на очекувањата на граѓаните и во обезбедувањето подобра иднина за целиот наш народ.

Мицкоски: Местото на малите партии од владејачката коалиција е во новото парламентарно мнозинство

Денеска се разобличија сите дезинформации кои ги слушавме претходните денови за наводни нови мнозинства. Денеска имаме јас потврда, имаме владино мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Продолжуваме да работиме посветено заедно за доброто на граѓаните. Но ние пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме, потенцираше Заев.

Тој нагласи дека се свесни оти повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.

– Ние сме партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив. СДСМ учи, се менува, и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува, заклучи лидерот на СДСМ.

Реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на прес-конференцијата премиерот Заев: 

Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете. И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе