Вести Локални избори 2021 Македонија

Став на партија чиј кандидат бил приведен во Делчево, додека МВР соопшти дека е уапсен за поткуп на гласачи

По приведување на кандидат за градоначалник, со реакција во Телма се јави неговата партија која чинот на неколкучасовното задржување го оценува како груб притисок и заплашување на кандидатот за прв човек на општина Делчево.

-Во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода, наведува партијата во својата реакција и најавува одговорност без пардон за случајот за кој сметаат дека е извршен со злоупотреба.

Двајца кочанчани се заканувале со отказ на вработени доколку гласаат за кого сакаат- казната за тоа е минимум 3 години затвор

Остатокот на соопштението не може да го објавиме поради тоа што се спомнуваат имиња на парти, кандидати и имиња на функционери, а денеска и утре до затворање на гласачките места е изборен молк.

Од МВР само кратко соопштија дека јавноста ќе биде информирана за уште, според полицијата, еден случај на изборен поткуп.

МВР потоа го објави своето соопштение:

На 16.10.2021 во ПС Делчево на информативен разговор е повикан жител од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и друго лице кое примило 3000 денари од приведениот во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица. Паричните средства во висина од 3000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќа и неволја да излеземе помудри, подобри и похумани

Дејан Дејан

Mир и спокој во душите, добрината и мудроста да бидат наш патоказ кон подобра иднина – велигденска честитка од Филипче

Дејан Дејан

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе