Коалицијата Заедно, составена од двете главни опозициски групи во Чешка, освои 27,77 отсто од гласовите на парламентарните избори и ќе има 71 пратеничко место, додека владејачката АНО партија на премиерот Андреј Бабиш доби поддршка од 27,15 отсто, покажуваат резултати врз основа на 99,8 проценти од преброените гласови.
Бабиш и честиташе на коалицијата Заедно за постигнатата победа, но тој исто така рече дека ќе разговара за формирање на идната влада доколку претседателот Милош Земан му го довери мандатот.
Коалицијата Заедно објави дека сака да формира влада со коалицијата Пирати-градоначалници, која според овие резултати го освои третото место со 15,6 проценти од гласовите.
Единствената преостаната партија што го помина прагот од пет проценти е Слобода и директна демократија, која освои 9,57 проценти од гласовите.
Комунистите, кои имаа претставници во парламентот од основањето на Чешка во 1993 година, останаа без мандат. Во петокот и саботата на гласање во Чешка излегоа 65,67 отсдто од избирачите со право на глас.
