Вести Свет Топ вести

Опозицијата во Чешка победи на изборите

Коалицијата Заедно, составена од двете главни опозициски групи во Чешка, освои 27,77 отсто од гласовите на парламентарните избори и ќе има 71 пратеничко место, додека владејачката АНО партија на премиерот Андреј Бабиш доби поддршка од 27,15 отсто, покажуваат резултати врз основа на 99,8 проценти од преброените гласови.

Бабиш и честиташе на коалицијата Заедно за постигнатата победа, но тој исто така рече дека ќе разговара за формирање на идната влада доколку претседателот Милош Земан му го довери мандатот.

Коалицијата Заедно објави дека сака да формира влада со коалицијата Пирати-градоначалници, која според овие резултати го освои третото место со 15,6 проценти од гласовите.

Единствената преостаната партија што го помина прагот од пет проценти е Слобода и директна демократија, која освои 9,57 проценти од гласовите.

Комунистите, кои имаа претставници во парламентот од основањето на Чешка во 1993 година, останаа без мандат. Во петокот и саботата на гласање во Чешка излегоа 65,67  отсдто од избирачите со право на глас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе