Балкан Вести Свет

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија.

Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство. Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош стана многу моќен, изјави Рама.

Зборувајќи за положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денеска се во подобра ситуација отколку во кој било друг период од нивната историја и повика на одржување на овој напредок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе