Три лица загинаа, а петмина се повредени во украински напад со беспилотно летало врз Московската област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Според руските власти, жртвите настрадале по пад на дрон, а руската противвоздушна одбрана и системите за радиоелектронска борба собориле 81 беспилотно летало во текот на ноќта.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили извршиле напади врз украински пристанишни објекти во областа Одеса за кои тврдат дека биле користени за складирање воен материјал.
Украинските власти соопштија дека во утринскиот напад врз Одеса биле повредени најмалку четири лица. Гувернерот на Одеса, Олег Кипер изјави дека биле погодени цивилни објекти, при што избувнал пожар на паркиралиште и изгореле шест автобуси. Оштетени биле и други возила, објекти и дел од територијата на санаториум, а службите работат на санирање на последиците.
