Тројца членови на криминалната група Беланоца денеска се осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела.
Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Третиот обвинет е осуден на 4 години за кривичното дело изнуда. Се уште во тек е судењето за лидерот на Беланоца, Фатљум Ајети Тоти, како и други членови на неговата банда кои се гонат за најмалку 8 убиства, злосторничко здружување, изнуди, закани, палење објекти и автомобили.
