Вести Македонија Најважни

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

„Никој не му се плаши на Мицкоски. Со заканите што ги упатува и со навредите само покажува колку е неспособен и колку е слаб. И тоа граѓаните секој ден сè повеќе го сфаќаат“, рече  претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

Филипче потенцираше дека заканите од премиерот се последица на немоќта на власта да покаже резултати и да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Тој посочи дека најавената реконструкција на Владата нема да донесе никаква промена, бидејќи, станува збор само за замена на имиња, без нови политики и без резултати за граѓаните.

„Практично, ова е една реконструкција која е само замена на имиња – едни луѓе со други. Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо. Ама буквално ништо, исто како

што не видоа никакви резултати и досега од работата на Владата. Нема еден сектор во кој има некакви добри резултати. Нема една група на луѓе во државава која виде бенефит од оваа власт. Државата е целосно блокирана. Граѓаните тонат во сиромаштија. Цените растат без контрола. Нема раст на платите. Стандардот тоне. Ние останавме слепо црево на Балканот и во Европа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши, поентираше претходно Оливер Спасовски.

  • Целата македонска јавност беше сведок на една огромна нервоза во моментите кога се разговара за дебаклот и за неуспесите во двете години на извршната власт. Клучно правило во демократијата е да ги чуете сите критики, сите слабости и од тоа да извлечет поука и, веројатно, да се подобрите. Меѓутоа, демократијата во Македонија се сфаќа на еден поинаков начин. Мислите дека ќе постигнете подобри резултати ако ги нападнете оние што укажуваат на слабостите во македонското општество. Навредите што денеска беа упатени кон двајца пратеници на Социјалдемократскиот сојуз, заменик-координаторот Фатмир Битиќи и пратеникот Митко Трајчулески, кои говореа за состојбите и за изборот на Владата, не се напад што се случува првпат. Меѓутоа, тоа претставува говор на омраза кој сигурно може да роди насилство. А тоа што следеше по прекинувањето на седницата беше вистински напад, не само вербален, од страна на кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, кој се нафрли врз двајцата пратеници не само вербално, туку и со пцовки, рече Спасовски.

Според него особено загрижува молчењето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој нема ниту една реакција, а е должен да реагира затоа што претседава со седницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе