Малопродажната цена на дизелот од полноќ се зголемува за 5,5 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,5 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм.
Новата цена на дизелот ќе биде 88 денари, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 87, Еуросупер БС-98 за 89, Екстра лесното масло за 86 денари, а килограм Мазут М-1 НС ќе чини 42,168 денари.
