Само час и половина траеше првата седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по изборниот пораз. По завршувањето, никој од присутните не беше расположен за разговор, а изостана и официјалната изјава. Во кусото партиско соопштение се вели дека Извршниот Комитет заклучил дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера, со масовен поткуп на гласови од страна на СДСМ. Дадена е насока да се изготви темелна анализа за резултатите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата. Претседателот Христијан Мицкоски е овластен да продолжи со разговори во обид да состави ново парламентарно мнозинство.
Ни партискиот портпарол во разговорот пред седницата не очекуваше дека ќе се случи нешто слично.
Не се откриваат детали ниту околу можното постизборно коалицирање.
Од партијата денеска поднесоа жалби до Управен суд на одлуката на Државната изборна комисија да ги одбие нивните приговори. Тие поднесоа само два приговори во кои се жалеа на голем број неважечки ливчиња со пречкртано име Северна пред Македонија и бараа рачно броење на гласовите.
Далиборка Демјанска Цветановска