По речиси три дена неизвесност, попладнево е конечно изгаснат големиот шумски кој беснееше над железничката станица „Рајко Жинзифов“ на теренот во правец на селата Белештевица и С`лп.Во пожарот изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.
За сега не се откриваат детали околу причините на пожарот, но надлежните институции се сомневаат дека причинител е човечки фактор како и кај останатите пожари.
Велешкиот пожар во изминатите 24 часа претставувал опасност за селото Карбуниште со петнаесетина куќи, но екипите навреме го сосекле кракот од пожарот кој се движел во тој правец.
