Вести Македонија Топ вести

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Пропадна и последниот обид да се постигне консензус за Изборниот законик. Откако партијата Левица вчера иницираше координативна средба на сите опозициски партии за да се формулира заеднички предлог, кој потоа би му бил доставен до владејачкото мнозинство, од опозициската СДСМ за Телма информираа дека состанок нема да има.

Социјадемократите преку соопштение денеска го повторија својот став околу гласањето на дијаспората по електронски пат или пошта дека е за кражба на гласови.

Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 гласови на последните избори, стои во соопштението од СДСМ.

Социјалдемократите со ниту еден збор во соопштението не реферираа на барањето на Левица да се постигне консензус, но од Левица пак ги обвинија социјалдемократите дека се обидуваат да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницирала координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик.

аместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за една изборна единица – СДСМ излезе со соопштение составено од политичка фрустрација и очајнички обид вниманието да се пренасочи од темата што очигледно најмалку им одговара… Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории, стои во соопштението на Левица.

Според нив, одбивањето на координација претставува директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став.
Од владечката партија ВМРО-ДПМНЕ која побара од опозицијата да договори изборни правила, со единстве свој услов – електронско гласање на дијаспората, ја обвини токму опозицијата дека наместо процесот да заврши со политички консензус таа го блокирала законот ставајќи ги партиски интереси пред интересите на македонски иселеници.

Македонската дијаспора заслужува еднакво право на учество во изборните процеси. Затоа ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да покажат одговорност, за конечно да се донесе Изборниот законик во интерес на сите македонски граѓани, без разлика на тоа каде живеат, изјави Манасиевски.

За два дена, на 15 јули истекува продолежениот рок до кога треба да биде донесен Изборниот законик, за тој да се вброи на списокот на спроведени реформи од реформската агенда, а за која реформа Европската комисија би и исплатила на Македонија 4.281.623 евра.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе