Вести Македонија Топ вести

Изгаснат големиот шумски пожар во близина на Велес

По речиси три дена неизвесност, попладнево е конечно изгаснат  големиот шумски кој  беснееше над железничката станица „Рајко Жинзифов“ на теренот во правец на селата Белештевица и С`лп.Во пожарот изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.

За сега не се откриваат детали околу причините на пожарот, но надлежните институции се сомневаат дека причинител е човечки фактор како и кај останатите пожари.

Велешкиот пожар во изминатите 24 часа претставувал опасност за селото Карбуниште со петнаесетина куќи, но екипите навреме го сосекле кракот од пожарот кој се движел во тој правец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе