Вести Македонија

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразија сериозна загриженост поради тоа што Уставниот суд сè уште не постапил по иницијативите за оценување на уставноста на законските измени со кои по третпат се намалуваат коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители.

Според нив, ваквата состојба создава нерамноправен третман меѓу јавните обвинители и судиите и ја нарушува уставно загарантираната самостојност на Јавното обвинителство. Тие посочуваат дека финансиската независност е клучна гаранција за независно и непристрасно извршување на обвинителската функција.

Обвинителските институции очекуваат Уставниот суд навремено да донесе одлука и да обезбеди заштита на принципите на владеење на правото и поделба на власта. Предупредуваат дека продолжувањето на ваквата состојба може да создаде ризик од влијание врз независноста на обвинителството и неговата позиција во правниот систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе