Вести Македонија Топ вести

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Ново видео со врсничко насилство кружи на социјалните мрежи во Македонија. Овој пат локацијата е Куманово, а на снимката се гледа како три девојчиња тепаат и малтретираат една девојка којa речиси и да не се обидува да се брани.

Според информациите на „Телма“ кои засега не се потврди од истражните органи, жртвата има 14 години, додека насилничките се на возраст од 14, 16 односно 19 години.

Видеото прво е поставено на социјалната мрежа „снепчет“ со наслов „ кога ќе ме пцуеш, ќе јадеш ќотек“, а вчера новинарката Лиридона Вејсели го објави серијалот во „Без цензура“.

Насилството се случило пред околу еден месец. Трите насилнички се договараат да се сретнат со жртвата која е во својот дом. Откако ќе се сретнат ја носат во објект во градот каде ја напаѓаат. Мобилниот телефон е поставен на земја и свртен кон жртвата за да ја снима а во две минутното видео се гледа како ја удираат со шлаканици и клоци, како ја кубат и ја навредуваат.

Жртвата дури вчера го пријавила случајот во полициската станица во Куманово.

Од МВР соопштија дека кумановската полиција и обвинителство работат на предметот, но засега нема информации дали трите насилни девојки чиј идентитет е познат се повикани со нивните родители на распит во полициска станица.

Ова е втор случај на врсничко насилството овој месец. Во скопски Аеродром, жртва беше малолетно девојче на возраст од 12 години, а на снимката се гледа како поголема група малолетници, момчиња и девојчиња, ги охрабруваат насилничките да бидат уште побрутални. Жртвата е натерана да клечи на колена, да моли и да се извинува а потоа е удирана со шлаканици додека снимаат најмалку неколку телефони од присутните малолетници.

Овој случај го очекува правна разврска бидејќи полицијата поднесе кривични пријави против две малолетнички за насилство, двајца малолетници за неовластено снимање и за поттикнување како и против петмина родители на пријавените малолетници.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе