Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол е осуден на две години затвор, откако Окружниот суд во Сеул го прогласи за делумно виновен за незаконско примање на политички средства во вид на бесплатно истражување на јавното мислење.
Судот во Сеул утврди дека Јун го прекршил законот за политички фондови. Судот заклучи дека Јун од април во 2021 година до март во 2022 година, бесплатно примил вкупно 58 истражувања на јавното мислење, со проценета вредност од 270 милиони вони или околу 158.000 евра.
Покрај затворската казна, судот наложи и одземање на имотна во износ од 13,9 милиони вони, што е околу 8.000 евра.
