Македонија

Се бара стопирање на изградбата на мала хидроцентрала над браната Гратче

Кочнанската локална власт побара од Владата да ја стопира изградбата на мала хидроцентрала над браната Гратче. На владата и дадоа рок од еден месец да им одговори на барањето. Одлуката не вбеше донесена едногласно, дел од советниците сметаат дека треба да има референдум со локалните избори.

Кочанскиот Совет побара од Владата да се одземе концесијата за изградба на мала хидроцентрала на Мала Река, над браната Гратче. Одлуката советниците не ја донесоа едногласно, дел сметаат дека за малата хидроцентрала треба да се оди на референдум. На Владата и дадоа рок од еден месец да се изјасни за нивното барање.

Премиерот, Заев уште во јуни порача дека дел од концесиите за малите хидроцентрали ќе бидат повлечени. Засега такви преговори се водат за Шар Планина.

„Во моментот се водат преговори за повлекување со инвеститорите кои имаат добиено концесии за изградба на мали хидроцентрали на Шар планина, што од неодамна стана Национален парк. Рокот за преговори е една година“, велат од Министерството за животна средина.

Советниците побара од Владата да се запре изградбата и издавањето на идни концесии на хидроцентрали, а адут им е што   и Осоговските планини  стекна статус на заштитено подрајче.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе