Македонија и Албанија да разработат детален план со јасно дефинирани рокови за заштита на Охридскиот регион, бара УНЕСКО во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за светско наследство на 44 сесија во јули во Кина.
Планот треба да се темели врз препораките на Реактивната мотниторинг мисија, а двете држави до февруари следната година до УНЕСКО да достават извештај за реализраниот напредок во спроведувањето на активностите. Истовремено се бара Македонија и Албанија до февруари 2023 година пред Центарот за светско наследсво да достават извештај за состојбата во регионот, а доколку на 46 седница на Комитетот на УНЕСКО не бидат отстранети заканите, останува отворена опцијата за поместување на Охридскиот регионот на Листата светски наследства во опасност.
Во одлуката се наведува дека во изминатиот период дел од препораките се исполнети, но поголем дел не.
Најголема загриженост Комитетот искажува на постојаната ерозија на Светското културно и природно наследство, изградба на вискокатници на крајбрежјето, прекумерно искористување на брегот со несоодветна турстичка инфраструктура, недоволна вклученост на граѓанскиот сектор во креирање политики и носење одлуки и други забелешки
Охрид 4 децении го носи статусот град на УНЕСКО.
И на годишната 44-та сесија Комитетот даде уште една шанса да не биде впишан на Листата свестко наследство на опасност, за што Охридскиот регион има рок од 2 години да го заштити Универзалното богатство.
Емилија Мисирлиевски
