Вести Свет

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Откази за неколку вработени во француската влада поради позитивни тестови за дрога, што се спроведени во рамки на новата програма за тестирање на персоналот во министерствата и високите државни службеници, изјави францускиот министер Себастијан Лекорн. Кон средината на јуни, тој нареди ненајавени тестови за дрога преку примерок од плунка за членовите на владата, високите функционери и другиот персонал кој подлежи на безбедносна проверка.

„Многумина велат дека го направив ова за да дадам пример за другите“, рече Лекорну во интервју за францускиот неделник „Пари Мач“ (Paris Match), објавено денес.

„Тоа е точно, но првенствено го направив од безбедносни причини“, додаде тој.

Тој наведе дека голем дел од тестираните лица имале пристап до „исклучително чувствителни“ информации.

Лекорну најави дека програмата ќе продолжи во форма на случајни тестирања.

Според францускиот телевизиски канал TF1, пред неколку недели биле спроведени и ненајавени тестови за дрога во Матињон, официјалната резиденција на премиерот. Лекорну и неговиот тим биле негативни на тестовите за дрога, објави телевизијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе