Вести Свет

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен.

Против 63-годишниот поранешен претседател, кој беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се покренати четири обвиненија, меѓу кои и за наркотероризам. Неговата 69-годишна сопруга Силија Флорес е обвинета по три точки од обвинението. Двајцата ги отфрлаат обвиненијата.

По неговото соборување од власт, функцијата привремено ја презеде Делси Родригез, која управува со земјата под силен притисок од Вашингтон, кој тврди дека има влијание врз политичките случувања во Венецуела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе