Вести Македонија Топ вести

(Видео) Невремето остави големи штети зад себе

Краткото, но силно невреме што го зафати Скопје предизвика значителни материјални штети и повреди.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, до 22 часот биле евидентирани 117 оштетени возила, 35 оштетени кровови, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 15 повредени лица.

Оштетени се и повеќе државни институции и објекти од витално значење, меѓу кои ОЈО ГОКК, комплексот „Вила Водно“, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, Јавното обвинителство, како и објектот „Нова Македонија“.

Поради протекување на кровот, на Меѓународниот аеродром Скопје излезот од државата беше во прекин околу час и половина.

Последици од невремето се пријавени и во повеќе градови низ земјата.

Во Куманово, Тетово, Велес се регистрирани оштетени возила и кровови, додека во Струмица силниот ветер предизвика пад на електрични столбови и прекин на електричната енергија во дел од населените места. Во Битола и Гостивар не се евидентирани поголеми штети, а во Транзитниот центар Табановце се оштетени дел од привремените објекти за сместување мигранти. Надлежните најавија дека точниот обем на штетата ќе биде утврден по официјалната проценка.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе