Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред малку беа спроведени во Судот во Гостивар, пред судија на претходна постапка.
Како што соопштија од Обвинителството денеска треба да се донесе одлука какви мерки ќе се бараат за нив. Според досегашната истрага, тие тројца се осомничени дека дале наредба да се постават пумпи во близина на водоводот за да го зголема притисокот на водата. Наместо тоа дошло до меашње на контаминираната отпадна вода со водата за пиење на гостиварци.
Пумпите биле псотавени на 25 јуни, а на 16 јули, при извршен увид на лице место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем. Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување.
Првите поголем наплив на затруени гостиварци е еводентиран на 14 јули кога околу 300 жители побарале лекарска помош.
Директорката на гостиварски „Комуналец“ претходно тврдеше дека луѓето се затруле од храна, а не дека водата е загадена. Изјави дека се правел испуст на водата од мрежата, но вода од каналот не влегла во системот за водоснабдување. Пумпите биле користени само еднаш на 26 јуни, но не даде одговор зошто и по дваесет дена тие се уште биле во каналот со отпадни води.
Правната квалификација ќе се знае по прибирање на сите докази велат од обвинителството.
