Вести Македонија

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Матерјални штети на повеќе локации презивика силното невреме што го зафати Делчево , при што најсериозно е оштетен кров на објект, чија санација е во тек. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски изјави дека засега нема информации за повредени лица.

-Дел од жителите, меѓу кои и деца, се безбедно евакуирани. Поради паднати дрвја на повеќе патни правци, во расчистувањето се вклучени Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација, информира Гоцевски за МИА.

Во акцијата ќе се приклучи и екипа од шумското стопанство со шест вработени и моторни пили, кои ќе работат на отстранување на паднатите дрвја и воспоставување нормална проодност на патиштата.

Надлежните упатија апел до граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријават во Територијалната противпожарна единица или во Центарот за управување со кризи, каде ќе добијат конкретни насоки за нивно безбедно вклучување во акцијата за расчистување.

Невреме проследено со силен ветер и дожд,  го зафати Струмичкиот и Радовишкиот регион доцна попладнево, кое предизвика паѓање на дрвја и пожари, објавија Територијалните против пожарни единици на Струмица и Радовиш.

Четири против пожарни возила и девет пожарникари биле ангажирани во Радовиш за отстранување на паднати дрвја од три улици. Благодарение на брзата интервенција на екипите, дрвјата биле отстранети за кратко време, а сообраќајот повторно бил нормализиран.

Во село Подареш бил запален постар објект, а пожарот бил предизвикан од фрлање искри од запалени жици. Екипа на радовишките пожарникари со едно против пожарно возило и тројца пожарникари веднаш излегле на терен и го изгаснале огнот.

Во струмичко избувнале пожари во штала во селото Висока Маала и на сува трева во Муртино, а паднато дрво било отстрането од коловозот во село Ново Село.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе