Вести Македонија Најважни

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

За состојбата која владее изминативе денови во Гостивар, ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар. Наскоро треба да се состане и кризниот штаб на кој треба да се носат одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени, рече градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

На прес-конференцијата тој посочи дека директорката на ЈП „Комуналец“ е суспендирана заедно со уште неколку лица кои се одговорни за градскиот водовод. Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно, и дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот, и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број на кој граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, да им биде донесена поблиску до нивните домови. Тој искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе