Временска прогноза

Сончево и многу топло, локална нестабилност попладне и навечер – Временска прогноза за 21.7.2026

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 22°C, а максимумот од 32 до 39°C.

Информација од ова утро 20.7.2026

Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)

27 Кавадарци, 26 Струмица, Гевгелија, 25 Крушево, Скопје, Виница, Велес, Демир Капија, 24 Куманово, Штип, Пожаране, 23 Тетово, Битола, Прилеп, 22 Крива Паланка, 21 Mаврови Анови, Берово, Претор.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална нестабилност – Временска прогноза за 22.7.2026

meteo

Сончево и многу топло, попладне со локална нестабилност – Временска прогноза за 20.7.2026

meteo

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 19.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе