Обвинителството побара подготвителна постапка за врсничкото насилство во паркот Ентер во Аеродром, односно за двете 14 годишни девојчиња кои се гонат за насилство и за двајца маололетници – еден на 15 години за помагање на насилството и за неовластено снимање и за уште еден малолетник за неовластено снимање.
Пријавените девојчиња на игралиште позади трговски центар во Скопје, во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на 12-годишно девојче. Тие го принудувале девојчето да клекне и да им се извини, а потоа ја удирале со шлаканици и ја влечеле за коса.
Едно од момчињата го помагала насилството со совети, насоки и охрабрување. Заедно со другото момче неовластено го снимале насилството. Снимката им ја пратиле и на насилничките. Кривично не може да одговара уште едно дете кое учествувало во настанот, бидејќи има 13 години.
Обвинитлеството побарала од судот да им забрани на децата да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата. Инцидентот се случи на 30-ти јуни, во вечерните часови, а настанот ја згрози и ја вознемири јавноста.
