Вести Македонија Топ вести

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Сојузот на синдикати на Македонија е сериозно загрижен од отворањето на дискусија за зголемување на пензискиот стаж за остварување на правото на старосна пензија, а особено што во јавноста се спомнува некаква можност за пензионирање на 72 години.

Ваквите предлози кои неофицијално кружат во јавноста, според ССМ се несериозни и на долг период не даваат резултати ниту ќе го покријат дефицитот на Пензискиот фонд. Наместо избрзани  мерки преку зголемување на стапката на придонес или продолжување на возраста за пензионирање, од ССМ велат дека се потребни  сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработување на младите по пат на реални и одржливи работни места кои ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

ССМ предлага да се воведе избор при пензионирање – како пензионирање со навршени 40 години работен стаж за мажи и 35 години работен стаж за жени, предвремено пензионирање, воведување на бенефициран стаж за градежните работници, старосна пензија – по возраст или работен стаж – по дејности, предвремена старосна пензија по возраст, неполна старосна пензија по возраст обезбедување на можност за докуп на стаж.

Дополнително  се потребни сеопфатни ангажмани за трансформација на непријавената работа во пријавена и целосен ангажман на инспекциските и други државни органи за наплата на социјалните придонеси во целост, со што  социјалните фондови можат да  станат реали и одржливи и ќе бидат вистинска заштита и сигурност за работниците и граѓаните во услови на болест, старост, невработеност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Систинската капела оживеа дигитално во Лондон

Дејан Дејан

Колапс на женските организации во светот додека потребите достигнуваат историски нивоа

Дејан Дејан

(Фото) Погребан Aјатолахот Али Хамнеи, неговиот наследник не се појавил во јавност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе