Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека ги прифатил мерките на претпазливост кои ги предложи Обвинителството за тројцата осомничени за бруталниот напад врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.
Тие засега се гонат за насилство врз дете родено во 2011-тата година на кого му нанеле седум убоди со нож на детето. На осомничените им се изречени следниве мерки:
– забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето
– обврска за повремено јавување кај определено службено лице или надлежен државен орган
– привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница
– забрана за посетување на местото каде што се случил кривично-правниот настан
– строга забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители
Од Основното јавно обвинителство информираат дека во меѓувреме продолжува прибирањето докази и вештачењето на пронајдените траги на теренот.
Сѐ уште не се знае мотивот за нападот, а во зависност од вештачењата и другите дејствија кои се преземаат за расветлување на случајот, како и доказите, обвинителството доколку смета може да ја промени квалификацијата на кривичното дело кои им се става на товар на осомничените.
Мајката на жртвата, Џељана Селими, пред неколку дена во изјава за Телма изрази сомнеж дека институциите сакаат да го заташкаат случајот, а сторителите треба да одговараат за обид за убиство.“
