Вести Македонија Топ вести

Алармот е вклучен, природниот прираст тоне – 2.000 жители помалку во Македонија оваа година во споредба со лани

Две илјади жители помалку во Македонија во првите три месеци од 2026 година. Алармот е одамна вклучен, но природниот прираст никако да престане да тоне во негатива. Паѓа бројот на живородени деца, паѓа бројката на починати и бројката на склучени бракови, а единствено што се зголемува од година во година во Македонија е бројот на разводи.

Според деталниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС), од 80 општини во Македонија, во дури 66 општини има негативен прираст, во една бројката е идентична, а во 13 имаме зголемен број на население.

Најголема негатива има Град Скопје, а потоа следува Битола. Од скопските општини најголема негатива има Кисела Вода, каде разликата во првото тримесечје за една година е 99 лица. Најголем прираст, пак, има во Општина Сарај, а потоа следуваат општините Студеничани и Арачиново.

Загрижувачки се бројките за помалите градови во источниот дел на државата како Виница, каде минусот е 48, во Гевгелија е 44, а во Делчево популацијата се намалила за 42 лица. Дебар е единствениот град во Македонија каде имаме идентична бројка на родени деца и починати лица и природниот прираст е нула.

Во првите три месеци од годинава родени се 3.380 деца, што е за 4,1 процент помалку споредено со лани, а во истиот број имаме и незначително помал број на починати лица.

Пресметките на статистика покажуваат дека природниот прираст за првите три месеци од годинава е во длабока негатива од 1.962 лица, што е за речиси 100 лица повеќе од минатата година, кога негативата изнесуваше 1.872 лица.

Ако се споредува бројот на склучени бракови по тримесечје годинава и лани, повторно имаме негативен процент, бидејќи се склучени 1.797 брака што е за речиси 3 проценти помалку. Единствено расте бројот на разводи, а според бројките на статистика во првите три месеци крај на заедницата одлучиле да стават 494 сопружници, што е за 6 проценти повеќе споредено со првото тримесечје во 2025 година. Во Тетово се склучени 137 брака на сметка на пет разводи и во Липково каде на 111 склчени брака има само два развода, а сосема разлика е ситуацијата во Гевгелија каде се склучиле четири брака, а има дури завршени 29 бракоразводни парници.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Невремето остави големи штети зад себе

Kristina Kuzmanovski

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе