Во првото тромесечје од годинава Државниот завод за статистика регистрира 494 разводи што е зголемување во однос на истиот квартал од минатата година кога имало 465 разводи.
Во првите три месеци од годинава склучени се 1 797 бракови што е намалување во однос на истиот период од претходната година кога имало 1846 бракови.
Во првото тромесечје од годинава најмногу разгоди имало во Радовиш. Според Државниот завод за статистика, во периодот од јануари -март годинава таму се регистрирани 31 развод. Следна на листата е Гевгелија со 29 разводи, потоа општина Аеродром со 27 и Гостивар со 26 разводи.
Во првите три месеци од годинава, најмногу бракови се склучени во Тетово односно 137, потоа во Липково со 111 бракови, во Прилеп имало 82 склучени бракови, во Чаир 79 а во Гостивар 70, додека во Куманово имало 68 склучени бракови. Во сите останати општини бројката е под 60.
