Вести Економија Македонија

Од полноќ нови цени на дел од горивата

По одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на  бензините и екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, од компанијата „Макпетрол“ информираа за новите цени на горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Eуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 87,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 89,50 денари за литар.

Гориво Цена 1 Цена 2
ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 ден 87,50 ден
ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 ден 89,50 ден
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-E V) 92,00 ден 92,00 ден
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 93,50 ден 94,00 ден
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 93,00 ден 93,00 ден
МЕТАН 73,50 ден/кг 73,50 ден/кг
АВТОПЛИН 53,00 ден/кг 53,00 ден/кг
МАЗУТ 50,814 ден/кг 51,144 ден/кг

Цената на еуродизел (Д-Е В) останува иста – 92,00 денари за литар, а екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  ќе чини 94,00 денари за литар.

Цената на зазутот М-1 НС,  се зголемува за 0,330 денари по килограм и ќе изнесува 51,144 денари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе