Политиката на Соединетите американски држави кон земјите од Западен балкан повеќе нема да се концентрира на „спасување или реконструкција и градење држави“, туку ќе се фокусира на стабилност и соработка“, се наведува во извештајот на Стејт департментот до американскиот Конгрес.
Со промовирањето на стабилност и унапредувањето на американските економски интереси во регионот на Западен Балкан, САД ќе бидат побезбедни, посилни и попросперитетни. Администрацијата работи на политики фокусирани на иднината во тој регион, кои се фокусирани кон продлабочување на партнерствата, спречување на закани кон САД и регионалната стабилност и зголемување на економската и комерцијална соработка, се вели во извештајот на Стејт департментот.
Американските дипломати предупредуваат дека „лоши актери“ се подготвени да искористат секаква нестабилност во регионот за да им наштетат на американските интереси.
Американските инвестиции во Западниот Балкан изминативе децении дадоа опипливи резултати, вклучувајќи издржливи и позитивни врско со сите шест држави, Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Стабилноста која американските напори ја развиваа помогна да се воспостават основите кои поддржуваат поразлично американско дејствување, порачуваат од Стејт департментот.
