Вести Македонија

Јавен обвинител со предлог притвор за битолчанец осомничен за малтретирање матурантка

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“.

Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине. Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација, се обидела да го напушти возилото. Но, осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи ѝ телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и од случаен минувач да побара помош – информира Обвинителството.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела и  насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва, на што укажувал начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, доставил предлог за определување мерка – притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе