Вести Македонија Топ вести

Тендерот е поништен – транспорт експресно ќе распише нов за набавка на електрични автобуси

Поништен е тендерот кој го добија унгарската „Електробус – Икарус“ и австриската ЕВН за набавка на електрични автобуси и станици за полнење. Според информациите на Телма една од четирите фирми кои конкурираа поднела жалба до Државната комисија по жалби којa донела одлука тендерот да се поништи.

„Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи.  Министерството за транспорт, согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, соопштија од Министерството за транспорт.

Според информациите на Телма, тендерот за набавка на електрични автобуси ќе биде распишан до крајот на денот или во вторник наредната недела.

На 30 април транспорт соопшти дека тендерот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење го добија двете компании. Цената е 19,3 милиони денари или 314 илјади евра по автобус кој треба да ги испорача Икарус а треба да имаат најмалку моќност од 300 киловати, со капацитет од најмалку 66 патници и автоматски клима уред.

Според условите од тендерот „Икраус“ е задолжен за одржување, поправка и набавка на делови за автобусите во наредната декада. „ЕВН“ пак ќе ги достави, сервисира и одржува 75те станици за полнење.

Динамиката на испорака е 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават најдоцна шест месеци од денот на склучување на договорот, а по 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење да се достават најдоцна до 12 односно 18 месеци месеци од денот на склучување на договорот.

Скопјани со замерки за квалитетот на јавниот превози и во исчекување на подновување на возниот парк на ЈСП и воведување на БРТ системот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски соопшти дека Владата го одобри договорот за имплементација на проектот, појасни дека тендерската постапка и подготовките би завршиле до крајот на годинава а теренските активности за БРТ треба да почнат во текот на наредната.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе