Вести Македонија Топ вести

И граѓанските организации против законот за игри на среќа

Граѓанските организации се загрижени дека, со новиот Закон за игри на среќа, владата ќе им ги укине фондовите. Во старото законско решение е точно наведено кои организации ќе ги добиваат парите што приредувачите на среќа мора да ги издвојуваат за нив. Во член 16 стои дека, ќе се финансираат националните инвалидски организации, нивните здруженија и асоцијација, здруженија на граѓани за борба против семејно насилство и Црвениот крст. За оваа намена е определен износ од 50% од вкупниот приход од игрите на, но не помалку од 60 милиони денари и не повеќе од 120 милиони денари.

Во новиот закон не се наведени конкретни организации, туку во член 18 стои дека, средствата ќе се користат за финансирање на ранливи категории, на стари изнемоштени лица, за жртви на семејно насилство и за лица со инвалидитет и посебни потреби. Средства од оваа уплата ќе одат и за финансирање на спортот, како и за Агенцијата за филм и за промоција на туризмот. Распределбата и по стариот и по новиот закон ја врши владата, врз основа на програма од Министерството за социјална политика.

Но, за организациите кои досега ги користеа средствата, ова не е само техничка измена, туку сериозен преседан.

„Со предложените измени се отвора ризик средствата наменети за ранливи категории да се распределуваат без јасни, транспарентни и отчетни критериуми, без гаранција дека ќе стигнат до организациите кои имаат искуство, стручност, лиценцирани услуги и директна работа со граѓаните“, реагираат од Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост, Македонска платформа против сиромаштија и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Организациите укажуваат, доколку постојат слабости во досегашниот систем на распределба на средствата, да се најде подобар и поотчетен систем преку јавни повици, јасни критериуми, независна евалуација, редовен мониторинг и објавување на резултатите од финансираните програми.Ги повикаа пратениците да не го гласаат законот во оваа форма и да побараат образложение за постапката.

Во меѓувреме, денеска беше одржан предупредувачки собир на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“, кои го изразија својот револт против предложениот Закон.

 „Голем дел од работниците поминаа професионални обуки и специјализации според европски стандарди, па доколку секторот згасне, ќе бидат принудени да бараат работа во странство“, предупреди Оливера Костова.

Стеван Крстевски, пак, рече дека, ова е само предупредувачки собир. Ако не се најде решение, ќе следуваат масовни протести и блокади низ државата. Новиот Закон за игри на среќа предвидува дистанца на овие објекти од 500 метри од училиштата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе