Њујорк поведе со 2-0 против Кливленд во финалето на Источната конференција во НБА-лигата.
Никс максимално ја искористија предноста на домашниот терен во првите два натпревари од финалето на Истокот. За разлика од првиот дуел, кога се враќаа од негатива од 22 поени во последната четвртина, утринава домашните кошаркари ја завршија работата уште во третиот период.
Њујорк направи серија од 18-0 и поведе со 71-53, по што не ја испушти контролата врз резултатот до конечните 109-93.
Џош Харт имаше плеј-оф рекорд во кариерата со 26 поени, додека Џејлен Брансон реализираше 19 поени и 14 асистенции за Никс. Донован Мичел со 26 поени беше најефикасен кај Кавалирс, а Џејмс Харден додаде 18.
Следните два натпревари се играат во Кливленд, а првиот е закажан за в недела рано наутро во два часот.
