Повеќе од илјада демонстранти излегоа на улиците во Атина по пресретнувањето на меѓународната флотила со активисти за Газа од страна на израелските сили.
Учесниците маршираа кон израелската амбасада, носејќи палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка на Палестина, а протестот помина мирно.
Властите во Израел соопштија дека сите странски активисти од флотилата биле депортирани, додека околу 420 лица пристигнале во Истамбул со летови од Израел.
Дел од активистите при слетувањето извикуваа „Слободна Палестина“, а турските медиуми објавија дека биле испратени на медицински прегледи.
–Протестираме и одиме во ционистичката амбасада, во амбасадата на Израел тука во Атина за да извикаме против нашата грчка влада и соработката што нашата Влада ја има со воениот злосторник (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху против пиратството на ИОФ, на израелската армија, што ги донесе нашите другари во меѓународните води и направи пиратства на нашите бродови и ги притвори во затворите на Израел, вели активист.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека флотилата претставувала „провокација“, но истовремено го критикуваше министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир поради видеата со приведените активисти.
Неколку европски земји, меѓу кои Обединетото кралство, Франција и Португалија, ги повикаа израелските амбасадори на разговор поради загриженост за третманот на активистите.
