Вести Македонија Топ вести

(Видео)Мечка забележана во Битола, граѓаните загрижени, институциите повикани да реагираат

Битолчани синоќа забележале мечка како се движи низ градот, а снимките брзо се проширија на социјалните мрежи. Животното било снимено на улицата „Македонска Фаланга“, во близина на градското шеталиште, под Тумбе Кафе, кај стадионот во Битола. Граѓаните реагираат загрижено и бараат надлежните институции навремено да преземат мерки за да не дојде до несакана ситуација.

Од СВР Битола потврдија дека случајот е пријавен во полиција. Ловните здруженија со кои контактираше Телма велат дека мечката е под трајна заштита и дека тие немаат законска можност да преземат активности против животното. Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането. Дополнително, член 14 од истиот закон трајно ја забранува можноста за лов на мечки, без исклучоци.

Според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години. Од ловните здруженија посочуваат дека деновиве има бројни поплаки и од повеќе битолски села, каде жителите стравуваат за својата безбедност и велат дека се соочуваат со потешкотии при движењето и извршувањето на земјоделските работи поради појавата на мечки.

Е.M.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Радев од самитот на НАТО во Анкара: Ја предизвикуваме најголемата нуклеарна сила, иако немаме доволно развиени капацитети за нејзините хиперсонични ракети

Sasko Dimovski

Трамп: Примирјето со Иран е завршено за мене, им рековме одете и направете ги своите погреби, тие почнаа да пукаат кон бродови

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе